Почна Светскиот тренинг камп на Светската карате федерација во Умаг, Хрватска, кој ќе трае до 5 јули, во чии рамки ќе се одржи и Светскиот куп за млади.
Тренинг сесии ќе одржат познатите светски ѕвезди на карате спортот: Лука Валдези, Предраг Стојадинов, Антонио Дијаз, Даглас Бросе, Давид Бенетело и други.
На Кампот и Купот отпатуваа и многу наши екипи и тренери.
Селекторот на јуниорите до 21 година Арлин Хусеини ќе го следи Кампот и Купот за да ги види противниците на нашите натпреварувачи, но и да го види потенцијалот на кандидатите на репрезентацијата за Светското првенство во Малезија.
„Очекувам силна конкуренција, а тоа може да се види од пријавените кандидати“, истакна Хусеини, кој истакна дека од неговиот клуб Фати на Светскиот куп ќе учествуваат Дуан Османи и Вољца Гафури и од нив очекува медали.
Светскиот куп е критериум во бодувањето за место во нашата репрезентација, затоа сите кандидати ќе мора да дадат се од себе. Сепак, има парктични проблеми во Правилникот кои мора да се надминат за поединци да не бидат административни жртви. А тоа ќе биде на штета на македонското карате, затоа мора бргу да се реагира.
ipon.mk/В.Д.