Светскиот шампион на ВБА, Лукас Браун, позитивен на допинг тест

Lukas Braun krenati race

Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на Светска боксерска асоцијација (ВБА), Лукас Браун (Австралија) е позитивен на допинг-тест, соопшти ESPN.

Браун го победи Руслан Чагаев (Узбекистан) со технички нокаут во десетата рунда на мечот за шампионскиот појас во Грозни на 5 март, при што стана првиот Австралиец, кој освоил светска титула во бокс во супер тешка категорија.

Резултатите направениот тест по средбата покажуваат траги од употреба на забранетиот стимуланс „кленбутерол“.

Браун (36) ја доведева вопрашање освоената титула и најевројатно ќе му биде одземена. Тој се уште нема пораз на професионалниот ринг во 24 средби, притоа во 21 од нив победил со нокаут.

Австралиецот е светски шампион во редовната верзија на ВБА, која е втора по престижност по обединетата, во која носител на шампионскиот појас е Тајсон Фјури (Велика Британија).

https://youtu.be/7fsMAcCDSj0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON