Светскиот шампион во борење, Заурбек Сидаков, ја прекина својата свадба и ги избрка сите гости, откако почнаа да пристигнуваат пораки на неговиот мобилен телефон среде церемонијата, во кои имало голи фотографии и снимки од невестата.
Сидаков се венчаше со Мадина Плиева, а за време на церемонијата, сите гости почнаа да примаат пораки на своите мобилни телефони, односно, голи фотографии од неговата избраничка, која ја обвиниле дека е ескорт девојка.
Автор на пораките е сопругата на наводниот љубовник на Мадина, која пронашла експлицитни фотографии во неговиот мобилен телефон, тврдат извори за Сан.
Сидаков (24) во тоа време бил среде традиционален танц со пријателите, додека невестата беше во соседната просторија. Тој наводно збеснал и влетал во просторијата каде што танцувала неговата сопруга, ја влечел за коса и ја избркал од салата.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=10&v=T1Lf-yeglrM&feature=emb_logo
Тој веднаш ја откажал свадбената прослава и ги избркал сите 500 гости, оставајќи ја Мадина да плаче на подот од салата. Пријателите и роднините ја однеле во болница од страв да не е повредена, а таа моментално е во Москва. Нејзините пријатели ги отфрлаат сите обвиненија против неа и тврдат дека целата ситуација е измислена.