Светскиот бокс/ World Boxing има одговор: Светско првенство во Ливерпул

Светскиот бокс, меѓународна боксерска федерација, најави дека следната година ќе го организира Светското првенство во Ливерпул. Организацијата на светското првенство е продолжение на напорите за етаблирање на Светскиот бокс како препознатлива меѓународна федерација.

Основан во 2023 година, World Boxing има 44 членови и се обидува да ја пополни празнината што ја остави зад себе Меѓународната боксерска федерација (ИБА).

Меѓународниот олимписки комитет лани ја суспендираше ИБА, суспензијата не се однесуваше на Олимписките игри во Париз, но затоа нема да гледаме бокс на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година доколку нешто драстично не се промени и доколку националните федерации не се приклучат новата организација, според советите на МОК.

Светското првенство и за мажи и за жени истовремено ќе се одржи во Ливерпул, што досега не беше практика на ИБА организацијата. Боксерите ќе се натпреваруваат во десет тежински категории.

Првенството ќе се одржи од 4 до 14 септември следната година.

Истовремено, ИБА следната година ќе организира две светски првенства – машкиот турнир ќе се одржи во Астана, а женскиот во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON