Светската таеквондо елита на „Скопје опен Г1“ на 29 и 30 март

Најдобрите теквондости во светот на 29 и 30 март ќе бидат во Скопје, се оджува силниот Меѓународен турнир Скопје опен.

„Оваа година Скопје опен прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Очекуваме над 1000 натпреварувачи од над 50 држави од цел свет. Ќе пристигнат неколку национални тимови на олимписки велесили. Скопје ќе биде центарот на олимпискиот спорт таеквондо“, велат од Македонската таеквондо федерација (МТФ).

Скопје опен е во организација на Македонската таеквондо федерација, Таеквондо клубот Бутел  и Таеквондо клуб Рамус од Софија.

Генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.

Скопје опен е Г1 турнир и е дел од официјаллниот календар на Свестката таекводно асоцијација. Турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма.

Турнирот ќе се одржи на 29 и 30 март во големата сала на СРЦ „Јане Сандански“, а борбите започнуваат од 09:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО