Светот на боксот тагува, поранешниот предизвикувач за светската титула почина на 45 години: Ова е тешка загуба

Вјачеслав Узелков, поранешен предизвикувач за појасот на ВБА во полутешка категорија, почина на 45-годишна возраст поради здравствени проблеми со кои се бореше по операцијата на срцето.

Во аматерска конкуренција Украинецот освои бронзен медал на Светското првенство во 2001 година во Белфаст, а сребрен медал на Европското првенство во Перт една година подоцна, додека во 2004 година помина во професионалци. Во текот на професионалната кариера одржа вкупно 34 борби, а постигна скор од 30 победи (19 нокаути) и четири порази. Узелков беше победник во своите први 20 професионални мечеви и ја освои ВБА Интерконтиненталната титула кога, кон крајот на јули 2010 година, влезе во рингот против тогашниот шампион на ВБА во полутешка категорија, Бејбут Шуменов, од кого загуби со едногласна одлука.

Во 2012 година Узелков загуби на поени од тогашниот шампион на ЕБУ Едуард Гутнехт. Подоцна ја освои и загуби титулата на ВБО Интерконтинентал и се пензионираше во 2014 година по поразот од Геард Ајетовиќ со поделена судиска одлука Откако ги закачи ракавиците на клинец, продолжи со телевизиска кариера, а пред три години се испроба и во политиката со тоа што се кандидираше за градоначалник на Виниција, мал град во централна Украина, но не беше избран..

„Украинскиот бокс претрпе тешка загуба. Неговото име засекогаш ќе биде запишано во историјата на спортот, а неговиот пример на сила, издржливост и посветеност ќе ги инспирира идните генерации“, се вели во соопштението на Украинската боксерска федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON