Андерсон Силва доби поблага казна за вториот пад на допинг тестот.
Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ е казнет со суспензија на една година за падот на допинг тестот во пресрет на борбата со Келвин Гстелум во ноември минатата година
Американската антидопинг агенција објави дека причина за позитивниот тест е употребата на контаминираниот суплемент. Бидејќи суспензијата е ретроактивна, 43-годишниот Бразилец на борилиштето може да се врати во ноември оваа година.
Пајакот беше позитивен на два стероиди за борбата со Ник Дијаз во јануари 2015 година Тврдеше дека за позитивиотн тест е виновна пилула за потенција. Беше суспендиран една година и беше казнет со парична казна од 380.000 долари од Спортската комисија на Невада.
„Се одбранив од обвинувањето. Последните 9 месеци беа изразено тешки за мене. Чувствував дека мојата кариера и сето она што така напорно работев умира и дека иднината ми е неизвесна. Во моето срце знаев дека не сум направил ништо погрешно и целосно соработува со УСАДА. Денес ми се врати енергијата. Го вратив моето наследство. Можам да се фокусирам на враќањето во рингот и на следното поглавје од животот“, стои јавното соопштение на Силва.