Суспензиите на Хабиб и Конор продолжени, Русинот добива 1 милион долари – одлучи Спортската комисија на Невада

Спортската комисија на Невада ги продолжи суспензиите на Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор до сослушувањето во декември, но одлучи на Русинот да му исплати 1 милион долари.

Тие се најдоа на тапет кај Спортската комисија на Невада по инцидентите кои се случија по крајот на борбата во Лас Вегас. Хабиб Нурмагомедов го прескокна кафезот и започна тепачка со публиката, а Конор Мек Грегор се тепаше со луѓе од таборот на Русинот.

Хабиб и Конор добија привремена суспензија од 10 дена која сега е продолжена до декември кога Ирецот и Русинот лично мора да се појават пред комисијата и да дадат изјава.

Добрата вест за Хабиб Нурмагомедов е тоа што комисијата одлучи да му префрли половина од наградата што му следуваше за борбата. На Русинот му беа замрзнати 2 милиони долари, па тој сега ќе добие 1 милион, додека пак вториот милион и понатаму е замрзнат се до сослушувањето во декември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON