Супругата на Стипе со честитка откри што работи тој на роденденот: Ти си едниствениот лудак кој ќе го направи тоа! (ФОТО)

Стипе Миочиќ вчера го прослави својот 38-ми роденден, а неговата сопруга Рајан Мари со честитка преку социјалните мрежи откри што прави најуспешниот шампион во историјата на УФЦ на неговиот роденден.

А Стипе, всушност, нешто помалку од четири дена по триумфалниот крај на големата трилогија, односно новата победа над Даниел Кормиер, ја одработува својата смена во пожарникарската станица.

„Среќен роденден на мојот еден и единствен. Човек кој успева во сè … И на дожд и на сонце, со насмевка на лицето. Ти си најдобриот татко и сопруг на светот. Ти си поддршката во ова семејство. Мојот слон во стакленик, некој кој секојдневно ме инспирира! Ти си единствениот лудак што го знам кој би избрал смена на својот роденден. И тоа четири дена по освојувањето на светската титула. Ќе те сакам засекогаш. До месечината и назад“, напиша рајан на Инстраграм на фотографијатасо Стипе и нивната  ќеркичка Мила.

https://www.instagram.com/p/CEEb70NJHs8/?utm_source=ig_embed

Малку подоцна, со обајва се јави и Стипе. Тој откри дека во текот на денот го посетиле неговите „две кралици“, а фановите ги насмеа со својот коментар:

„Вистинска легенда сте ако сте родени денес. И сега морам да се фрлам на чистење на тоалетот, добредојдени сте”, додаде Стипе на видеото и неколку фотографии од станицата.

https://www.instagram.com/p/CEE50YhJtI-/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON