Даниел Стефановски на 21 август ќе ја брани светската титула во К-1 на Суперкомбат против Алекс Филип во Констанца – Романија.
Романската промоција објави официјален плакат со нашиот шампион.
„Тоа ќе биде последниот меч на Аалекс Филип. Јас ќе сум 100 отсто подготвен и ќе гледам да го завршам во првата рунда“, порача неодамна Стефановски во изјава за Ипон.мк!
Да посетиме, Стефановски (-81 кг) на 12 март 2017 година го победи Романецот Филип со нокаут во третата рунда. На почетокот на рундата Стефановски со двојно летечко колено и неколу аперкати го нокаутира Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите во Букурешт, Романија.