Судиски превид. Наместо да ја прекине борбата, судијата дозволи немоќниот боксер да прими уште четири тешки удари.
Боксерот од Гана, Васиру Мохамед го нокаутираше својот противник Џон Амузу од Бенин, но оваа борба во бантам категорија требаше да биде прекината неколку секунди порано, пред Мохамед да го докусури Амузу, кој веќе беше во бессознание.
Амузу, кој има 35 години, доби лекарска помош и потоа беше пренесен во болница, а ќе поминеше и полесно ако судијата навреме ја прекинеше борбата. Откако доби удари по кои се најде во несвест, Амузу доби уште четири удари во лицето.