Судијата му одобри настап на Каин Веласкез во професионално борење! Веќе следната недела патува

Синоќа барањето беше доставено на обработка, и само што било одобрено.

Поранешниот шампион на УФЦ, Каин Веласкез, по излегувањето од затвор каде помина осум месеци, побара дозвола од судот да настапи на професионален натпревар во борење.

Судијата Артур Боканегра синоќа изјави дека барањето е примено на разгледување, а медиумите објавија дека тој одлучил да му дозволи на Каин да настапи на настанот. Во изјавата, тој рече дека верува оти Каин не е опасност за никого во Аризона, па затоа ќе му биде дозволено да отпатува на настанот и да настапи.

Кејн неодамна беше ослободен со кауција од 1 милион долари и му беше наредено да остане дома и да носи ГПС нараквица. Со оглед на тоа дека оди на пат, овојпат му е дозволено да ја соблече нараквицата, но поради ова во негово присуство постојано ќе треба да биде полицаец.

Патувањето е планирано за 1 декември, а дома мора да се врати најдоцна до 4 декември. Инаку, настанот се одржува во Мулет Арената во Темпе, Аризона, каде Каин одел во средно училиште и каде ја започнал спортската кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON