Судијата настрада во битката за титулата во тешка категорија меѓу Ентони Џошуа и Дилијан Вајт.
Судијата Хауард Фостер интервенира на крајот на првата рунда, кога двајцата боксери продолжија да се борат и по ударот гонгот.
Судијата го добива кроше, застанувајќи меѓу двајцата, но ударот не беше доволно сериозен за да го исфрли од работата.
Џошуа ја доби борбата пред 20.000 гледачи во „O2 Арена“ во Лондон.
Вчера пишувавме дека тоа беше дива борба, но сега и преку фотграфии и преку видео ќе видете како настрада судијата.
https://youtu.be/-3QqaDIgQhw