Конор Мек Грегор сака да влезе во рингот со Флојд Мејведер целосно подготвен.
Во рамките на подготовките за бокс мечот во 12 рунди на 26 август во Лас Вегас шампионот на УФЦ во лесна категорија го ангажираше и пензионираниот боксерски судијата Џо Кортез.
Мек Грегор и неговиот тим се симулираат ситуации од реална борба, а Кортез е тука за да го води низ правилата и предупредувањата, како во вистинска борба.
„Работам со Мек Грегор како боксесрки советник. Мојата работа е да го научам да не прави никакви грешки против Мејведер. Тимот на Мек Грегор побара судија со широко познавање на правилата. Искрено не знам како дојдоа до мене, но тоа е чест. Го учам да биде чист борец, тоа е процес. Мојата улога е да го подготвам Мек Грегор како не би кршел никакви правила. Тој е борец кој е многу брз ученик“, рече Кортез.
73-годишниот Ортиз е роден во Порторико и живее во Лас Вегас. Судијата бил 986 професионални борби, а 176 за светската титула. Во 2011 година е вклучен во Меѓународната бокс куќа на славните заедно со Хулио Цезар Чавез Јуниор и Мајк Тајсон.
Со Мек Грегор ќе работи шест недели.
.