Жармел Шарло и Брајан Кастано завршија со нерешен резултат по поделената одлука. Обединувачката битка за сите светски титули во полусредна категорија понуди 12 рунди драма и акција.
Резултатите на судиите се 114-113 за Кастано, 114-114 и изненадувачките 117-111 за Шарло.
Двајцата со појаси ја напуштија салата во Сан Антонио – 30-годишниот Американец останува шампион на ВБЦ, ВБА и ИБФ, а неговиот противник ја држи титулата на ВБО на 70 килограми.
Според „КомпјуБокс“, Кастано упатил уште 22 удари (173 до 151), а со значителни погодоци разликата е огромна – 164 спрема 98.
Шарло го загуби стартот на мечот и се врати само на крајот, во 10-тата рундаго повреди Кастано и дефинитивно ги доби последните три дела до крајот. Сепак, дали е доволно ова – ќе проценат експертите.
„Ја добив битката. Имаше рунди во кои тој ме повреди, но јас го зедов мечот“, се првите зборови на Брајан Кастано, кој веднаш побара реванш.
.@BrianBoxii lands his left hook as RD3 comes to an end, buckling the knees of Charlo. #CharloCastano #PBConShowtime pic.twitter.com/q1sSHHBaE6
— Premier Boxing Champions (@premierboxing) July 18, 2021