Алек Глигор Стојанов-Милев на 3 октомври во Макао на настанот „Чемпион супер старс“ ќе се бори за светската титула во категоријата до 70 килограми во тајландски бокс за XMT Fajt промоцијата, која е најваена како супер борба.
Алек е по потекло од Струмица кој живеал во Швајцираја, а речиси три години престојува во Тајланд, за да го оствари сонот за стане светски шамипон во мај тај.
Стојанов-Милев настапува под швајцарско знаме, но вели штом ќе се бори за светската титула за некоја престижна организација во светот, односно, како што вели тој голем шампион, тогаш ќе земе македонски пасош и ќе настапува за Македонија.
Тој на 24 септември имаше борба на настанот Макс мај тај против Сирисан Максаван, која ја одби со нокаут.
https://youtu.be/X9fb8fqaGgY
Алек има голема желба да се бори во родната Струмица.
„Се борам за мојот татко и за Македонија“, картко ни рече Стојанов-Милев.
ipon.mk/В.Д.