Освојувачот на борнзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лимасол, Кипар, Столе Смилковски (-57 кг) во кадетска конкуренција за Ipon.mk вели:
„Максимално се подготвував за ова Европско првенство, а целта ми беше да освојам медал. Среќата беше на моја страна, па така добив втора прилика и ја искористив да се закитам со бронзен медал. Тука не е крајот, како до сега така и понатаму, продолжуваме со по интензивни тренинзи. како што сонував за европски медал, така продолжувам и кон светскиот врв“.
Инаку, Смилковски во првото коло го победи Гуга Иванашвили од Грузија со 3-0, а во второто загуби од Шпанецот Алберто Хименес Морено со 0-2, но откако Шпанецот се пласира во финалето, Смилковски преку репасажот дојде до бронзата. За место на пиедесталот ги совлада Блеранд Лимони од Косово со 1-0, против Белгиецот Квентин Маоден победи со судиско прегласување, откако мечот заврши 3-3.
Ќе потсетиме дека Столе не патуваше на Севтското првенство во Индонезија, иако имаше остварено норма.
Ipon.mk/В.Д.