Столе Ефтимов денес во репасажот на Светското првенство во борење за У-23 загуби од Узбекистанецот Рустам Шадиев со 0-10, односно технички туш.
Така, нашите борачи го завршија настапот на Светското првенство во Белград со една победа и пет порази.
На СП во Белград ќе настапат 620 борачи од 58 држави.
Резултати – Светско првенство У-23:
57 кг Аид Салихаси – Мунх Батхујаг (Монголија) 0-11 (TT)
74 кг Серхан Шакиров – Нафтали Хоровиц (Израел) 15-5
74 кг Серхан Шакиров – Симон Мархл (Австрија) 0-10 (ТТ)
92 кг Столе Ефтимов – Азмат Закуев (Русија) 0-10 (ТТ)
Репасаж
92 кг Столе Ефтимов – Рустам Шодиев (Узбекистан) 0-10 (ТТ)
125 кг Увејс Весели – Георги Иванов (Бугарија) 2-12 (ТТ)