Во јавноста проструи вестта дека македонскиот борец во ФФЦ, Виктор Стојанов, поради повреда нема да настапи на настанот „Ноќ на гладијаторите“ во Виена, Австрија.
Тој вели дека борбата е одложена заради некои други, технички причини…
-Исто така, постои и повреда на коленото, но не станува збор за операција, повредата ќе се санира со неколку терапии, тука во Скопје. И, до крај на летото, ако даде Господ, ќе биде се во ред, -тврди Стојанов за ipon.mk.
Виктор истакнува дека веќе во септември го очекува борба во една нова хрвтска организација, НФЦ.
-Меѓутоа, се уште не се договорени деталите за таа борба, па од тие причини не можам да ви кажам некои поподробни информации, нагласува Стојанов.
ipon.mk/В.Д.