Стивен Смит остана без уво од многу удари (ФОТО/ВИДЕО)

Синоќа мечот во Лас Вегас меѓу Стивен Смит и Франциско Варгас, не го доживеа крајот, откако судиите го прекинаа дуелот, затоа што Смит остана без уво.

Варгас не му го одгриза увото на противникот, како Мајк Тајсон на Ивандер Холифилд, туку на Смит увото му беше расечено од премногу удари, па така крвав продолжи да се бори. Дури и тој сакал да продолжи мечот по деветата рунда, кога пресметката била прекината.

Боксерската јавност е шокирана од ваквата повреда, затоа што досега не се случило боксер да остане без уво од удари.

https://youtu.be/gJWYv7hAzrk

https://youtu.be/BvxnfMqTh3c

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON