Шарлиз Терон смета дека ѕвездата од американските акциони филмови, Стивен Сигал е „неверојатно тежок“ – телесно, и оти не е вистински мајстор за боречки вештини.
Во радиоемисијата на Хауард Стерн, прашана како таа се подготвува за нејзините акциони улоги, јужноафриканската глумица рече дека, меѓу другото, гледа борби на интернет.
„И така, ќе наидам на видео како Стивен Сигал „се тепа“ во Јапонија. Всушност, се преправа. Тој е неверојатно тежок и, само ги турка луѓето. Поради неговата огромна телесна тежина, тој не ни може да се тепа. Мислам, смешно е. Ги турка луѓето внесувајќи им се в лице. Очигледна местенка!“, нагласи Терон.
Јавувач љубител на Сигал жестоко негодуваше на тоа, па Терон му одговори и нему.
„Не, немам проблем да ги говорам овие г**нарии за него, зашто тој не е многу фин ни со жените, па еб* се и ти!“, рече таа во етерот.
Терон тука веројатно мислеше на обвинувањата на британската глумица Рејчел Грант која неодамна тврдеше дека на една аудиција тој ја зграпчил и почнал да се соблекува. Сегал тогаш ги отфрли обвинувањата за сексуален напад.