Стипе Миочиќ откри зошто никогаш немало трилогија со Нгану: Не работам за УФЦ. Интерно гo сфатив нивното договaрање борби

По сите сега веќе легендарни приказни за Форд ескорд, односно застрашувачката сила на Френсис Нгану, која Дана Вајт ја презентираше на прес-конференцијата како вљубена тинејџерка – и сето тоа додека покрај него седеше најголемиот тешкаш во историјата на УФЦ, Стипе Миочиќ за 24 подоцна ги замолчи и двајцата.

На 20 јануари 2018 година Миочиќ собори едно од најстрашните тешкашки тела што некогаш ги имал УФЦ, а во првиот меч тој сериозно го понижи Френсис Нгану, а со тоа и самиот Дана Вајт. Вториот меч се одржа три години подоцна, а предност тогаш доби Стипе.

Нгану го нокаутира, а Стипе влезе во тој меч прилично тенок, неподготвен и донекаде слаб. Со оглед на тоа дека се 1-1 во борбите, Стипе вчера откри дека постојано го барал тој трет меч:

„Секогаш се обидував да го добијам тој трет меч, но за жал, тоа не се случи. Слушај, јас сум борец, не работам за УФЦ. Интрено го сфатив нивното договарање мечеви, па го направија тоа што го направија. Секако дека сакав трет меч, но разбирам и дека го сакаше најдоброто за себе и за своето семејство. Не му се лутам, одлично му оди. Добро ми е што го оставам сам. Имаме 1-1, за жал, тој ја однесе последната борба, но така е“, изјави Стипе за ММА фајтинг.

По тој нокаут Стипе долго време не настапи, а од УФЦ си замина и Нгану, што уште повеќе ги отежна сите преговори за тој меч. Стипе сега го чеча Џон Џонс, а ние со големо нетрпение го очекуваме тој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON