Шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ смета дека борбата во тешка категорија меѓу Френсис Нгану и Xон Xонс ќе биде интересна.
Во текот на изминатата недела тие се предизвикуваа на социјалните медиуми, но Дана Вајт ги олади нивните страсти. Претседателот на УФЦ нема интерес за ваква борба и не сака да им ги даде големите хонорари што ги бараат Џонс и Нгану.
Шампионот во тешка категорија имаше средба со Нгану и ја почувтствува големата сила на Камерунецот. Миочиќ пред две години го совлада Френсис со одлука на судиите, но во прват рунда доби доста тешки удари. На крајот, Стипе го победи Нгану и не го отпишува во битка со Џонс.
„Борбата меѓу Џонс и Нгану би била добра. Ќе биде интересно. Мислам дека ќе биде тешко за секого против Нгану, затоа што е експлозивен и многу удира. Можеби не е толку технички поткован како Џонс, но има голема сила. Мислам дека со правилен план за борба Џонс може да победи, но сè може да се случи. Носиме мали ракавици во тешка категорија, а ова момче фрла бомби. Сешто може да се случи. Ќе се борам 100 отсто оваа година“, изјави Миочиќ.