Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, беше гостин на „The Pivot Podcast“, шоуто беше снимено во просторија со табли за натпревари што најголемата светска ММА промоција планира да ја организира на следниот настан.
На социјалните мрежи се објавени неколку „скриншотови“ кои покажуваат интересни дуели кои УФЦ ги сака или веќе ги договори.
Се издвојува пресметката на Стипе Миочиќ и Џон Џонс, а плочките со нивното име и презиме се наоѓаат под настанот УФЦ 277 кој ќе се одржи на 30 јули.
Боунс неодамна преку порака на Твитер ги извести фановите дека Стипе бара од него мечот да се одржи во септември, но се чини дека промоцијата има втор план.
На истиот настан Дерик Луис треба да се соочи со Сергеј Павлович, додека Магомед Анкалаев треба да се бори со Ентони Смит.
Познато е и како треба да изгледа настанот УФЦ 276 кој ќе се одржи на 2 јули, предводен од судирот меѓу Израел Адесања и Џаред Канониер во борбата за појасот во средна категорија.
На истиот настан Хамзат Чимаев треба да се бори со Нејт Дијаз. Малку чудно, бидејќи шефот на УФЦ неодамна објави дека Борз може да се справи со Колби Ковингтон.
За истиот настан најавени се средбите меѓу Шон Стрикленд и Алекс Переира и Миша Тејт и Лорен Марфи.
— Jed I. Goodman © (@jedigoodman) May 3, 2022
This too 👀👀 pic.twitter.com/sXUVCXuPy2
— The Degenerate Mark (@Degenerate_Mark) May 3, 2022