Најуспешниот шампион во тешка категорија во историјата на УФЦ и легенда на MMA, Стипе Миочиќ, го објави своето пристигнување на овогодинешниот спортски фестивал „Сансет спортс“, кој ќе се одржи во Задар од 5 до 7 јуни 2025 година.
Ова е четвртото и најамбициозно издание на фестивалот досега, кое ги собира водечките имиња од светот на спортот, медиумите и бизнисот.
„Ни претставува чест да го објавиме пристигнувањето на Стипе Миочиќ, еден од најголемите MMA борци на сите времиња. Неговиот успех, карактер и вредности оставија длабок белег во боречките спортови“, рече Дамјан Рудеж, поранешен НБА играч и директор на фестивалот.
„Неговата животна приказна е симбол на упорност, посветеност и гордост. Веруваме дека неговото присуство ќе ги инспирира сите што учествуваат на овогодишниот Фестивал“, додаде Рудеж.
Миочиќ, кој гордо го нагласува своето хрватско потекло, со нетрпение очекува посета на татковината на своите родители.
„Големи вести! Се враќам во Хрватска. Ова е повеќе од обична приказна, ова е враќање дома“, напиша Миочиќ на својот официјален профил на Инстаграм.
View this post on Instagram
Миочиќ го држи рекордот за најмногу последователни одбрани на титули во тешка категорија во најпознатата ММА промоција во светот. Во текот на својата кариера освои бројни награди, вклучувајќи ги бонусите „Изведба на вечерта“ и „Борба на вечерта“, а во 2019 година беше прогласен за Спортист на годината во изборот на „Грејтер Кливленд спортс авордс“.
Во текот на својата кариера гордо ги истакнуваше хрватските корени и идентитет, а неговото учество на спортскиот фестивал „Сансет“ сигурно ќе биде врв на настанот за сите посетители.