Стерлинг го задуши Сендхаген (ВИДЕО)

Алџамејн Стерлинг и Кори Сендхаген се бореа на УФЦ 250 во Лас Вегас за предизвикувачко место за титулата во петел категоријаго, според ветувањето на Дана Вајт. Стерлинг ја и скористи шансата и за минута и 38 секунди го заврши Кори.

На почетокот и двајцата се обидоа да разменат удари со нога, но Стерлинг веднаш ја скрати дистанцата и му го фати грбот на Кори.

Стерлинг успеа да ја пренесе борбата во пратер, каде го заклучи Сендхаген, но Кори успеа да преживее. Сепак, тоа не траеше долго, затоа што Алџамејн примени нов преносен зафат и Сандхаген се предаде за една минута и 38 секунди од почетокот на мечот.

Стерлинг влегува во серија од пет победи во низа и ќе чека шанса за титулата. Сандхаген загуби за прв пат во УФЦ и ја прекина серијата од седум директни победи.

https://www.instagram.com/p/CBHl4vApQ1j/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО