Стефановски се врати со победа над светски првак и обезбеди борба за светската титула (ВИДЕО)

По 2 година паузе Даниел Стефановски се врати со победа во К-1. Стефановски триумфираше против Мараканецот Таха Алами Маруни (светски првак во ВАКО про) на настанот на Суперкомабат во Дубаи, ОАЕ, но овој пат до победата стигна со судиска одлука 3-0.

Маруни е еден од најсилните противници со кои се борел Стефановски, што се покажа и во рингот. Но, мудрата тактика му донесе сигурна победа.

„Планираме сигурно уште една борба ова година“, вели Стефановски за Ипон.мк и додава:

„Суперкомбат се враќа многу јако. На другиот настан ќе ја бранам светската титула во Лас Вегас“.

Датумот се уште не се знае за овој настан.

Днаиел им се заблагодарува на сите за поддршката, а во Дубаи имаше Македонци кои неговата борба ја следеа во живо!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON