Црногорската организација Монтенегро фајтинг чемпионшип (МФЦ) ги покани нашите борци Дејан Стефаноски и Златко Петровски да земат учество на МФЦ 4 во Подгорица, Црна Гора.
Во јуни, Сетафноски и Петровски треба да се сртенат со Немања Милаковиќ и Александар Јанковиќ. Немања Милаковиќ (-77 кг) има скор од 3-2, а Србинот Александар Јанковиќ (-77 кг) има нерешен биланс 2-2.
Нашите борци досега се без пораз, а веќе се подготвуваат за следните противници. Најчесто вежбаат со велешаните Дејан Трајковски, Илија Андов, Славче Тренковски и Виктор Стојанов од Скопје.
Дејан Стефаноски истакнува дека ќе биде подготвен за да не ја почувствува горчината на поразот во Црна Гора, кој на МФЦ 3 не настапи поради повреда, но беше поканет на прес-конфернцијата.
„Имаме многу време за се подготвиме и се надевам дека ќе победиме во овие борби, јас и Златко, бидејќи на хартија сме подобри“, истакнува Сетфаноски
Додека Петровски посочува дека располагаат со подобра техника и со спаринг партнерите работат на тактиката.
На преходното издание во Будва, на 27 јуни, настапија Марјан Ангелески и Игор Петков, кои забележаа порази.
Тогаш, од страна на организаторот Ален Џанкиќ, како госин беше најавуван Федор Емилијаненко, но го немаше на МФЦ 3.
Еве дел од комуникацијата меѓу идните противници:
Ipon.mk/В.Д.