Стефан Стојков од Балканец го освои трофејот на Меѓународниот турнир во борење „Трофеј штипски боречки асови“ што вчера се одржа во Штип.
За најдобар тенчичар е прогласен Аико Азарјан, додека најдобар странски борач е Валентин Бојанов од Бугарија, а Андреј Мишев од Балканец е најдобар домашен борач, Диелза Суља од Косово најдобра борачка.
На турнорт настапија над 100 борачи од Бугарија, Србија, Косово, Грција и Македонија. Турнирот го свечено го отвори градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Натпреварите се одвиваа во 15 категории за предшколска возраст, пионери, кадети и девојки.