Стефан Стојановиќ го освои 11 медал за Македонија на Балканското карате првенство за сениори во Будва, Црна Гора, но ќе жали што не стана балкански првак. Во финалето загуби на прв освоен поен иако борбата заврши 4-4 и го освои сребрениот медал.
Стојановиќ во финалето се бореше со Немања Јововиќ од Црна Гора. Во полуфиналето извојува голема победа над еден од најдобрите светски тешкаши, Хрватот Анџело Квесиќ.
Денес Љупче Михајлов освои сребрен медал, а Емил Павлов, Реџеп Рушити и Данка Стојкова бронзени.
Македонија по двата дена освои 11 медали – 1 златен, 3 сребрени и 7 бронзени и е на четвртото место. Прва е Хрватска со 11 медали (5-4-2), втора е Црна Гора 10 (4-4-2), трета Србија 17 (3-5-9).
Да потсетиме дека вчера Јована Мицовска освои златен медал во категоријата до 61 килограм откако во финалето ја совлада клупската другарака од Макпетрол Викторија Јовановска со 3-4, а со бронзи се закитија Ангела Мојсовска, Михаела Мишовска, Сара Дука и Магдалена Божиновска.
Резултати Балканско првенство:
+ 84 кг
Данило Божовиќ – Лука Вуковиќ (Србија) 0-4
Стефан Стојановиќ – Душан Бјелиќ (Црна Гора) 3-3
Стефан Стојановиќ – Угљеша Пејовиќ (Србија) 3-0
Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хрватска) 4-3
Финале
Стефан Стојановиќ – Немања Јововиќ (Црна Гора) 4-4