Стефан Стојановиќ не знае да изневери – освои бронзен медал на Светското карате првенство

Стефан Стојановиќ не знае да изневери – освои бронзен медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во У-21. Ја спаси честа на македонскотои карате.

Стојановиќ го совлада Германецот Николаи Секот со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени.

Стефан покажа дека е еден од најобрите македонски каратисти и еден од најодбрите во светот во оваа возрасна категорија.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските мундијали, бидејќи пред две години во Коња, Турција, освои сребро. Овој успех не го повторил ниту еден каратист од Македонија да има две одличја од два мунијала во У-21. Затоа Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21.

Вистинска штета е што Стојановиќ не се бореше во финалето, иако не загуби во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини, борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, во финалето отиде италијанскиот каратист.

Едно големо браво за тренерите на Макпетрол Бошко и Петар Заборски кои го подговуваат и во најтепките ситиуации да излезе како победник.

На СП учествуваа 1990 спортисти со 1936 натпреварувачки влезови од 113 држави.

Резултати – Светско првенство за кадети, јуниори и У-21:

+84
Стефан Стојановиќ – Алишер Таижан (Казахстан) 1-0
Стефан Стојановиќ –Константин Ковуров (неутреален) 2-1
Стефан Стојановиќ – Етан Смол (Канада) 4-1
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ –  Николаи Секот (Германија) 3-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON