Министерот за спорт Борко Ристовски му го честита успехот на македонскиот
каратист Стефан Стојановиќ, освојувач на бронзен медал на Светското карате
првенство за кадети, јуниори и младинци У21 што се одржа во Венеција, Италија.
На приемот, министерот Ристовски истакна дека успехот на Стојановиќ е
промоција за македонското карате и доказ за квалитетот на македонските млади
спортисти.
„Овој резултат значи голем промоција за македонското карате и за македонскиот
спорт. Медалот од СП е доказ за големата посветеност и за талентот на нашите
млади спортисти и дава дополнителен мотив да продолжиме со поддршка и развој
на спортот во Македонија. Честки за Стефан, за неговите тренери и за целата
македонска репрезентација која достојно не претставуваше на ова Светско
првенство за млади категории“, истакна министерот Ристовски.
Стефан Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате
репрезентација кој освои медал на СП за кадети, јуниори и младинци во Италија.
На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските крате шампионати. Пред две
години, на СП во Коња, Турција, тој освои сребро. Стојановиќ е единствен каратист од
Македонија со две одличја од два мунијала во У-21 и прв на Светската ранг-листа
на ВКФ во својата категорија.