Стефан Спасовски: Едноставно, роден да изгубам – живеам да победам (ФОТО/ВИДЕО)

Stefan Spasovski udar

На 6 години ме запишаа на карате, гледав филмови ми беше интересно, но не се пронајдов во тој спорт, ја зпочнува својата приказна за светот на боречките спортови Сетфан Спасовски од Куманово, кој раскажува дека бил слабо дете, но и палаво, па тепано од поголемите деца во училиштето. Се запишува да тренира кик бокс,а во тоа време во Куманово имало добри кикбоксерски клубови, а потоа следуваат мај тај, бокс, ММА…

Stefan Spaosvski udar so noga

„Се чуствував несигурен и исплашен. Сите тие години на тренирање ме направија тоа што сум денес. Сум западнал многу пати со секакви луѓе, но тренингот секогаш ми даваше чист пат во животот. И ден-денес инаетот од рингот ме води во животот“, вели Спасовски.

Но неговата животна приказана продолжува во Австралија, каде што е сега, затоа што мислел дека ќе има шанси да тренира и да успее.

„Но, уште на почетокот сфатив дека тука треба да преживеам. И, така почна борбата со животот на друг континент. Пробав во неколку сали, но се ми делуваше смешно и глупо. Нивниот принцип на работа е многу различен од кај нас. Се е бизнис. А борците и луѓето кои тренираат го прават тоа за да бидат слушнати и видени, не затоа што сакаат да се борат“, истакнува Стефан.

Stefan Spasovski vo ring kose

Тој вели дека во животот имал неколку тренери, но само еден човек можел да појасни некои работи за борбата, што на никој друг не му поѓало од рака, а тоа е нашиот најдобар ММА борец, Гоце Цандовски.

„Пред секоја борба, и да не беше со мене, прво зборував со него што и како…не сакав да слушам други! Исто така многу ми помогна и Оливер Петровски, при што пред борбата во Бугарија со искусниот Сотир Кичуков (13-3) се спремав со Оливер. Изгубив 9 кг за 3 дена и паднав во несвест. Но, утре дента, некако се изборив. Првата рунда го добив и бев близу до нокаут, но во втората Бугаринот ја покажа неговата подобра страна и ме порази со арм триангл.

Се борев и во Грција на Закинтос, каде што бев повикан со намера на менаџерот да изгубам. Прво не ми беше дадено да излезам со знамето, а бидејќи немав тренер во аголот, па застана Борче Ивановски, бивш кик бокс репрезентативец. Ме дисфалификуваа затоа што во борбата на шега му реков на Гркот сагапо, по што го сменив од доминантна позиција во критична за него“, раскажува Спасовски, додавајќи дека Гркот се борел на ФФЦ и бил некаков супер стар на островот, при што ветил реванш, но потоа не сакал да го прифати.

Stefan Spasovski so kik boks

Во Србија се борел со еден Босанец кој имал скор 4-1, а бил повисок и потежок, но тоа не му пречело. Гоце рекол дека го прифаќаат предизвикот

„Во таа борба сфатив дека не може ништо да ти се случи ако имаш добар тренер како Гоце. Го слушав секој негов збор од аголот. Го претепав во 3 рунди и борбата заврши со 2-1 за него, што е невозможно, а мечот го има на Јутјуб. Но, можеби имам антипатична фаца или соседите не сакаат да губат од некое Македонче кое е дојдено да изгуби, но, сепак, не губи“, потенцира Спасовски.

Stefan Spasovski vo ring so luge

Во Македонија има 2 ММА борби и 2 победи. Првата ја завршува со ТКО во втората рунда, а во втората во Охрид го победува со 3-0 Ненад Ристевски, кој бил државен првак во џиу џицу. Имам борби за кик бокс репрезентацијата. Се борел два пати во Босна и Херцеговина.

„Бев на подготовки за европско првенство, ама последните денови си најдоа друг на моја килажа. Некој кикбоксер што никогаш го немав видено, не знам како се викаше,а мислам дека беше Албанец. Инвестирав во ММА клуб. Секаде собирав знаење. Одев во Балканец за борење, бокс во Куманово и во Пинк Пантер во Штип. Тренирав со Далибор Огнанов – Дрма. Сакав да ги тргнам децата од улица и да им помогнам да се изградат како личности. Ги тренирав секој ден. Беа добри, ме слушаа. Сакав да направам нешто корисно, но Куманово е град каде што попрво би оделе кај некој што збореле во градот за него, отколку кај некого што си ја знае работата. Не можев да издржам да ја плаќам салата од свои пари. Пробав да ја дадам со цела опрема за да тренираат луѓето. Не сакав пари, само сакав да имаме сала. Но изгледа луѓето сакаат да тренираат на -10 степени во мочки и шајки во рингот. Поминав 10 години во салата за бокс во Куманово и сакав нешто подобро. Изградив, но градот нејќеше да ја сочува“, емотивно вели Спасовски.

Stefan Spasovski so Kicukov Bugarija

Понатаму не знае што ќе се случува. Долго време паузира со борбите, но се надева дека веќе е крај на одморот и дека за брзо време ќе стопи 10 кг и ќе закаже борба.

„Доколку во иднина се борам Балканскиот полуостров и во Европа, подготовките би ги правел со Гоце Цандовски и би се борел под клубот „Св.Јован Крстител“. Доста добри моменти поминав со Саше Самојловски. Патувања, борби. Човек со најголемо срце и со добра душа. И следната борба ќе ја направам во негова чест, каде и да биде борбата“, констатира Спасовски со должна почит кон починатиот Саше кој беше голем фан и ММА борец.

https://youtu.be/a9EcG1em1Xg

Спасовски највува заминување во Дубаи во ОАМ, каде што сака да си ја проба среќата во посилна конкуренција. Но, се уште не е познато за кого би настапувал и со кого би се борел, однонсо кој би застанл зад него. Го презема ризикот да успее.

„Не сакам да прашувам никој и не очекувам помош од никого, затоа што не сакам да трпам разочарувања. Не ни сакам да тренирам во некои посебни услови. Се што ми треба е добар тренер, пред кого ќе ги покажам моите квалитети и ќе се борам за добра кариера. Затоа што започнав лошо, како и се што не ми оди. Знам дека сум добар, го правам ова цел живот, но, едноставно, роден да изгубам – живеам да победам. Нема да се откажам додека не ги исполнам моите цели. Ако не ги исполнам, тогаш сум го завршил животот порано“, категоричен е Спасовски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON