БК Балканец вчера на редовниот тренинг го награди борачот Стефан Шетрјов со спортска опрема за освоеното второ место на Меѓународниот турнир „Динко Петров“ во Стара Загора – Бугарија.
Штерјов доби најмодерни боречки дресови марка „асикс/asics“.
„Очекуваме во иднина да освојува многу медали од меѓународните натпревари. Управата на Балканец го исполнува ветувањето кон борачите со доделување на спортска опрема за освојување на медали, со што на младите борачи им се дава поголем мотив и во иднина да не радуват со одлични борби и спортски резултати“, истакнаа од клубот.
Ipon.mk