Стефан Пецевски од ММА тимот „Стронгест“ од Скопје е прогласен за најдобар борец на ММА турнирот „Крал Марко опен“ во Прилеп.
Стефан Пецевски извојува победа со зафат уште во првата борба. Пецевски тотално доминираше над својот противник кој по првата минута беше принуден да ја предаде борбата. Пецевски го затвори во исто време со „триаголнник“ и „армбар“, а противникот немаше друг избор, освен да ја предаде борбата.
Александар Јакимовски го имаше своето деби и по изведување на еден успешен „хај кик“ и соборувањето на својот противник изведе зафат на ногата, по кој противникот ја преде борбата.
Александар Заткоски се бореше со 7 килограми потежок противник, при што на поени беше убедливо подобар. Заткоски доминираше на подот и имаше неколку чисти рачни удари од кои два беа со нокдаун.
Ipon.mk/В.Д.