Стефан Гоцев е можеби најмладиот реален аикидист во светот, бидејќи за тоа нема некоја прецизна евиденција. Стефан уште не наполнил две години а веќе ги посетува тренинзите на КРА Нико од Кочани.
Не случајно народната поговорка вели „крушата паѓа под крушата“! Тренер на Нико е неговиот татко Николчо Гоцев, носител на мајсторски појас втори дан во реално аикидо и први дан во карате.
Се надеваме дека ученикот/синот ќе го надмине учителот/таткото во мајстортстовото и практикувањето на овие вештини.
ipon.mk/В.Д.