Македонија има двајца бокс судии со три ИБА ѕвезди, Стефан Цубалевски и Фросина Манева.
На Меѓународниот тирнир „Дракула опен“ во Браила, Романија, 10 до 24 март оваа година нашите меѓународни бокс судии Стефан Цубалевски и Фросина Манева земаа учество на полагање за највисоко звање на судија, односно судија трета звезда. По успешниот настап на овој турнир, односно полагање кое беше и теоретско и практично, нашите судии се стекнаа со звањето ИБА боксерски судија 3 ѕвезда и со тоа испишаа историја каде станаа првите судии со највисоко звање во Македонија. Инаку и двајцата судии се ученици на легендарните македонски бокс судии Мирко Леов и Петре Неделковски.
„Голема благодарност до претседателот Кристијан Андреески, потпретседателот Оливер Станков кој имаа безусловна и огромна поддршка во овој наш успех“, велат нашите судии.