Статутот на ВАКО претрпе измени, формирана Медитеранска кик бокс федерација

На годишното Собрание на ВАКО што вчера се одржа во Анталија, Турција, на околу 30 отсто од Статутот на Светската кик бокс федерација се изгласани измени, а тоа подразбира дека и националните федереции ќе треба да го направат истото, односно да ги усогласат статутите со ВАКО.

Претседателот на Кик бокс маитаи федрецаијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко не извести дека сите одлуки на Собранието поминале скоро со еногласна одлука, со поедини исклучоци

„Се одржа и состанок со медитеранските земји на кој беше поканета и Македонија, официјално пред основачката собраниска средба за основање на Медитеранска федерација за организирање на медитерански првенства. Се разговараше околу условите како и кои дисциплини, возраст и категории ќе бидат застапени на Медитеранските првенства“, рече Митровски и додаде:

„Најверојатно во прво време ќе бидат  К-1 и поинт –фајт, а подоцна да ги вклучиме фул контакт и кик лајт. Бидејќи европските земји се посилни и повеќе работат К-1, а арапските земји фул контакт“.

За претседател на Медитеранската федерација  е изгласан Селим Кајичи од Турција, како  и тројца потпретседатели. Од кои еден е од Европа – Донато Милано од Италија, еден од Азија – Самир Атама од Палестина и еден од Африка – Дирис Хилалил од Мароко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON