Трајче Илиоски и Бојан Станојоски во саботата настапија на тај бокс настанот Фајтерс глори во Драхтен, Холандија. Станојоски забележа победа, а Илиоски на контроверзен начин беше прогласен за поразен.
На настанот учествуваа многу клубови од Холандија, а икаше околу 40 борби. Додека главни личности и тренери на настанот беа Семи Шилц и Петер Арт, добро познатите шампиони во К-1 .
Борците на Кик бокс клубот Шампион – тим Чатлески од Прилеп настапија во кадетска конкуренција до 15 години. Илиоски се бореше со Мухамед Хазар(Тим шамар), а Станојоски против Јарник Вос (Меџиро гим).
„Трајче Илиоски покажа добра борба. Три рунди рамноправна борба со размена на удари со рака и нога, ја дигнаа публиката на нога. Во одредени моменти Мухамед задаваше удари со колено. На прогласувањето прво му беше крената раката на нашиот борец и во секунда се смени одлуката 2-1 за Мухамед Хазар. Бојан Станојоски сите три рунди беше надмоќен над Карник Вос. Бојан доминираше со рачна техника и удари со колена, при што противникот повеќе пати беше на подот. Со едногласна одлука од 3-0 победи нашиот борец. Ова е голем резултат за моите борци, а воедно и за мене и нашиот клуб. Голем успех направивме. Во Холандија да се покажат рамноправни борби и да се победи е голем успех за Македонија, Прилеп и за мене“, вели тренерот Дарко Чатлески.
Тој вели дека организаторите се задоволни од настапот на неговите борци и дека преговара за идни настапи.
„Честитки имавме од Петер Артс и Семи Шилц, притоа рекоа дека не им се верува оти има вакви борци од Македонија“, истакна Чатлески.
Ipon.mk/В.Д.