Српскиот џудист Немања Мајдов (27) вчера жестокоо ги навредуваше судиите откако беше елиминиран од олимпискиот турнир во Париз. Мајдов беше елиминиран од Гркот Теодорос Целидис, а по поразот на Инстаграм им порача на судиите: „ Сатанистички ѓубриња, семето судијско да им се затруе“. Притоа Мајдов напиша низа навреди велејќи дека само судии можат да го победат, а денеска повторно остави порака на Инстаграм. Овој пат истакна колку ја сака Србија.
„Ќе им вратиме за секоја солза“
„Чест е да се претставува Србија, а посебна привилегија е да се биде Србин, православен христијанин. Ви благодарам за поддршката, добивам толку многу пораки. Ќе им возвратиме за секоја солза. Еден ден. Ќе стоиме гордо пред нив со кренати глави и никогаш нема да ги спуштиме „Слава на Господа за се“, беше оригиналната порака на Мајдов по елиминацијата од турнирот.
Навивачите го нападнаа
Под објавата тој доби голем број негативни коментари. „Татковината не ја брани глупоста и ароганцијата. Ти веќе не би смееле да застанеш под знамето и да си најдобар на светот. Така може се шегуваш кај Додик на партиски состанок”, е една од најлајкуваните пораки.
Мајдов е роден во Источно Сараево и е член на џудо клубот Црвена звезда од Белград. Беше светски првак во 2017 година, европски шампион минатата година. Тој важи за еден од најдобрите џудисти во светот.