Српски олимпиец уапсен во Грузија поради учество во протести (ВИДЕО)

Двојниот светски шампион во борење и освојувач на бронзен медал за Србија на Олимписките игри, Зураб Датунашвили бил приведен во Грузија додека се борел за смена на власта во државата.

За време на протестот против одлуката на власта да го запре процесот за приклучување на Европската унија, Датунашвили бил уапсен со уште неколку лидери од опозицијата, во момент кога с еобидувал да ѝ се спротистави на полицијата.

https://twitter.com/mickulakov/status/1864394211639898270

Датунашвили се бореше за Србија од 2020 година и освои пет медали на најголемите натпреварувања, како што се бронзен медал на Светскиот куп во Белград, злато на Европското првенство во Варшава, бронза на Олимписките игри во Токио и два златни медали на Светските првенства во Осло и Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО