Средбата Џошуа – Паркер пред 100 000 гледачи

Промоторот на Ентони Џошуa, Еди Херн, рече дека договорот со Џозеф Паркер се очекува следната недела.

Херн од своја страна сака да обезбеди голема сала за настанот, како одговор на тоа, промоторот на Паркер, Дејвид Хигинс, го предложи Камп ноу – стадионот на Барселона со капацитет од 99 000 места.

„Причината што ја предложив Барселона е таа што многу Англичани сакаат да ја посетат Шпанија, и многумина од оние кои веќе се преселија таму ќе дојдат“.

„Летот не е долг, а стадионот е огромен. Веројатно во Барселона не и требаат уште туристи, но ако е надвор од сезоната, несомнено ќе има корист“.

„Треба да се земаат во предвид и овие работи. Средбата меѓу Зеф Хорн и Мани Пакијао се покажа како исклучително добра инвестиција, на пример“.

Тимот на Џошуа, исто така, бара можност за додавање во договорот на опцијата реванш меч.

„Џошуа ќе има сериозно влијание врз интересот за средбата, затоа има право да бара поголем дел од профитот, како и право на реванш“.

„Сепак, веруваме во нашиот човек и во неговата брада. Мислиме дека Паркер ќе победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON