Претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ), д-р Борче Костовски, на повик од Јапонската амбасада во Македонија, оствари средба со јапонскиот амбасадор Хиронори Савада и секретарот за култура Канако Теруи.
Од Јапонската амбасада изразија големо задоволство за остварените успеси на македонското олимписко таеквондо, велат од МТФ, детално поразговаравме за изминатите успешни години и освојување на врвни спортски одличја на нашиот национален тим во олимписко таеквондо, како на европско така и на светско ниво.
Посебен акцент на средбата беше ставен на можноста за остварување на олимписки норми за Олимписките игри кои ќе се одржат токму во Токио, Јапонија, идната година.
„Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска се тројцата македонски репрезентативци што ќе учествуваат на квалификациониот турнир за остварување на олимписки норми при крајот на месец јануари 2021 година во Софија“, потенцираат од Македонската таеквондо федерација.
Јапонскиот амбасадор Хиронори Савада истакна дека оваа наша средба ќе прерасне во соработка за дополнителен развој за македонското олимписко таеквондо, велат од МТФ и истакнуваат дека со задоволство во идниот период ќе биде гостин на еден од тренинзите на нашиот национален тим.
„Амбасадорот Савада е само две недели на оваа позиција во Македонија, ова му е прва официјална средба со било каква македонска делегација, што ни претставува посебно задоволство“, потенцираат претседателот Костовски, додавјќи дека јапонскиот дух, но и воопшто Јапонската држава се пример за екстремно успешен и дисциплиниран систем од кој на секое поле имаме што да научиме.
„Лично, но и како македонско олимписко таеквондо, изразуваме големо задоволство и чест за денешната плодна средба“, вели Костовски.
Ipon.mk