Сребро за Мартина Наумовска, бронза за Антонио Негријовски на „Скопје опен“ Г1 серија

Огромен успех за натпреварувачите на Феникс кик на Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен“ Г1 серија, каде што е собрана светската таекводно елита, освојувајќи сребрен и бронзен медал.

Со медали се закитија кадетката Мартина Наумовска (-55 кг) која освои сребрен, а јуниорот Антонио Негријовски (-45 кг) бронзен медал.

Останатите двајца натпреварувачи од Феникс кик, Ангел Јовановски и Илина Гулабовска беа поразени во борбите за медал.

Утре се бори сениорот Лука Ангелов -68 кг.

„Ова е огромен успех за олимпиското таеквондо. Нови бодови на светската ранг листа за нашите натпреварувачи. Макотрпната работа и посветеноста носат резултати“, истакнуваат од Феникс кик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON