Македонските каратисти кои учествуваат на Меѓународните игри за деца во Коња, Турција, на првиот ден од натпреварувањето освоија три медали, еден сребрен и два бронзени.
Сребрен медал освои Кети Андоновска во кати, а Вјолца Гафури и Емилија Јаниќ во борби се закитија со бронзени медали.
Меѓународните игри во Коња се одржуваат по петти пат на кој учествуваат млади спортисти.
ipon.mk/В.Д.