Тренерите Златко и Бети Димоски, како и ката тимот Мишела и Маријана Димоски и Киријана Камческа му го подарија сребрениот медал на претседателот на КФМ, Драган Стојановски, што го освоија Светското првенство во Џакарта-Индонезија за кадети, јуниори и јуниори 21.
„Всушност, тоа е медалот што го даваат на тренерот на тимот. Покрај медал за репрезентативците, има медал од Светска карате федерација и за тренерот. Ние го дадовме на Драган, бидејки тој јавно кажуваше и велеше дека ова е најталентираниот тим во Европа и дека ќе направат голем резултат и на светско првенство“, рече тренерот на репрезентацијата за кати Златко Димоски.
Ipon.mk/В.Д.