Христијан Спасовски (-55 кг) и Марко Петрушевски (-59 кг) од Таеквондо клубот „Делини Илинден“ освоија сребрени медали.во јуниорска конкуренција на меѓународен турнир „Кроација Карловац опен“. Овој турнир е еден од најсилните во регионот и се одржува по 47 пат, а учествуваа 850 натепреварувачи од 11 земји од 56 клуба. Турнирот се одржа по 47-ми пат.
„Двајцата натпреварувачи покажаа квалитет, поминувајќи неколку кола. Во финалето можеби малку недосттасуваше и спортска среќа. Но, сепак, сме задоволни од прикажанато“, вели тренерот Ацо Анастасов.
ipon.mk/В.Д.