Таеквондистите на Феникс кик на Меѓународниот турнир „Топ Тирана опен“ од Е3 серија освоија два сребрени медали.
Медалите ги освоија Мартина Наумовска и Антонио Негријовски.
Кадетката Мартина Наумовска (-55 кг) во првото коло беше слободна, како носител во нејзината категорија, во полуфиналето ја победи Лудовик Скалера од Италија со 2-0 во рунди, а во финалето е поразена од Турчинката Денис Коч 0-2.
Антонио Негријовски (-45 кг-) во јуниорска конкуренција поради добриот ранкинг имаше директен влез во финале каде што е поразен од Лампис Филипо Марија од Италија, трет на светската ранг листа во истата категорија.
Илина Гулабовска (-59 кг, јуниори) во првото коло е поразен.
Наредениот викенд натпреварувачите настапуваат на Дупница опен Е2 во Бугарија.