Репрезентативката во борење Вероника Рјабоволова вчера освои сребрен медал во категоријата до 55 килограми на Меѓународниот турнир „Валамар куп“ во Пореч, Хравтска.
Во првата борба се бореше 10-10 со борачка од Србија, но победата и припадна на Вероника, потоа забележа уште една, овој пат против Унгарка 3-1. Во мечевите кои одлучуваа за медал таа забележа победа и пораз против борачки од Украина.
Рјабоволова треба да настапи на Светското сениорско првенство во неолимписки категории што ќе се одржи во Тирана, Албанија, од 28 до 31 октомври.