Сребрен медал за Серген Демиров во Мостар, во финалето Русинот Хатаев пресилен (ФОТО)

 

Од трoјцaта македонски боксери кои настaпијa на 14.Меѓународниoт млaдински турнир вo Мостар, Босна и Херцеговина, од 25 до 27 мај, Сереген Демиров имаше успех, освојувајќи го сребрениот медал, а Хурмет Јонузи го освои бронзениот.

 

Демиров во категоријата до 81 килограм директно се пласира во полуфиналето каде што се сретна со Црногорецот Виктор Михаиловиќ кого го победи со 4-1, а во финелато се сретна со репрезентативецот на Руисија, Емин Хатаев, кој победи со технички нокаут (ТКО) во втората рунда.

Хурмет Јонузи (-75 кг) или, како што е во официјалниот записник, Јонузов, во полуфиналето е поразен со прекинво правта рунда од Русинот Сергеј Сергеев.

Оран Шакировски (60 кг) почна од четвртфиналетои е поразен со 0-5 од Елмар Гусеинов од Русија.

На турнирот настапија 80-тина боксери од Русија, Италија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Унгарија и Норвешка.

За најдобар боксер на турнирот е прогласен Дмитри Захарев од Русија, а Немања Понорац е прогласен за најдобар домашен боксер. Овие двајца боксери се сретнаа во финалето на категоријата до 91 килограм.

Сергеј Сергеев (Русија) и Милован Секулиќ (Црна Гора) се прогласени за најборбен пар, додека Русинот Кагир Минатуалев е најодбриот техничар на турнирот.

Инаку, овој турнир е влезен во календарот на Европската боксерска конфедерцаија (ЕУБЦ), кој е во организација на БК Мостар.

Ipon.mk

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON